Центар за извонредност во зелени иновации

Целта на Центарот е да биде поттик на еколошки, социјален и економски развој во Северна Македонија преку зелени и одржливи иновативни процеси и да стане водечки регионален центар за зелени иновации.

Во рамки на меѓународниот проект ,,Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука – GREENOVET” основан e Центар за извонредност во зелени иновации (ЦИЗИ) во рамки на Машинскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е единствен од ваков вид во регионот.

Центарот цели кон развој на обуки и тренинзи за наставници и ученици од СОО, но и претставници од зелената индустрија. Долгорочно, се стреми кон имплементација на регионални и меѓународни проекти со компании, подобрување на вештините на учениците/студентите и наставници за зелени иновации, развој на иновативен, претприемнички и одржлив начин на размислување и обезбедување извонредност при изучување на стручни, но и клучни компетенции.

Една од главните цели на проектот GREENOVET е да развие одржлива платформа за соработка на европски центри за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации.

Потенцијални услуги и инструменти на ЦИЗИ:

  • Соработка со индустрија од областа на зелени иновации
  • Поддршка за програми за пракса
  • Соработка со понудувачи на СОО
  • Соработка со понудувачи на СОО
  • Поддршка при подготвување апликации за меѓународно финансирање
  • Поддршка при подготвување апликации за национално финансирање
  • Претходна селекција на потенцијални вработени
  • Објавување огласи за работни места
  • Вмрежување
  • Консултации
  • Сертификација